Проститутки ја тужат музичката ѕвезда ВИДЕО

Едната од нив наведува дека во 2006 година се јавила на огласот за работа во неговата компанија, во кој во описот на работата пишувало дека ќе биде хостеса.

593

Музичкиот продуцент Мали Мол се најде на мета на тужбата за трговија со луѓе, која против него ја поднеле три проститутки од Лас Вегас.

Едната од нив наведува дека во 2006 година се јавила на огласот за работа во неговата компанија, во кој во описот на работата пишувало дека ќе биде хостеса, а дека потоа од Тексас била префрлена во Невада за да работи како проститутка.

– Кога нè префрлија во Невада, не присилуваа да работиме како проститутки. Најпрво ни даваа 30 отсто од парите кои клиентите ги плаќаа, но, набрзо останавме без цент, бидејќи тој, како сопственик на „агенцијата“, задржуваше 100 отсто од нашите пари. Исто така, нè принудуваше на орален секс- навела таа.

„Во тоа време, тој штотуку влегуваше во музичката индустрија, а всушност, тргуваше со луѓе. Сакаше да се пробие и на сцената како „макро“ меѓу продуцентите“, навела таа.

Стив Садоу, адвокатот на продуцентот чие вистинско име е Џамал Рашид, изјавил дека оваа тужба е „бесмислица“.

Полицијата во Лос Анџелес, во меѓувреме, извршила претрес во неговата куќа и пронашла „егзотични животни“, за кои не ја поседувал потребната документација.

Мали Мол соработувал со изведувачите како што се Тајга, Снуп Дог и други, а во спотот му гостувала Кармен Електра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...