Кејти Холмс го повтори модниот гаф на Кајли Џенер и го потврди неочекуваниот тренд ФОТО

Актерката на настанот се појавила во бела блуза, под чија лесна ткаенина се гледал нејзиниот розов градник, па така и го потврдила неочекуваниот тренд.

623

Актерката Кејти Холмс не е една од оние славни дами кои привлекуваат внимание со провокативни модни комбинации, какo, на пример, ријалити ѕвездата Кајли Џенер.

Но, не случајно ја наведовме како пример младата милијардерка, бидејќи Кејти со својот последен стајлинг, на општо изненадување, ја ископирала токму неа.

Откако Кајли на својот профил на Инстаграм објавила фотографија на која носи полу-проѕирна белфустан, под кој јасно се гледа нејзината интензивно зелена долна облека, Кејти истиот моден гаф го направила на конвенцијата „CinemaCon“ во Лас Вегас.

Актерката на настанот се појавила во бела блуза, под чија лесна ткаенина се гледал нејзиниот розов градник, па така и го потврдила неочекуваниот тренд.

Foto: EPA-EFE, WENN

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...