И додека медиумите пишуваат за нејзиниот турбулентен период, хрватската пејачка Северина отпатувала за Америка каде, судејќи по фотографиите, добро се забавува.
Северина на своите обожаватели им покажала фотографии од премиерата на последната сезона на серијата „Игра на тронови“ која била во Њујорк.
Со сопругот Игор Којиќ позирала пред салата, а, исто така, успеала да се фотографира и со една од најпопуларните актерки на денешницата, Емилија Кларк.
„Mother of Dragons“, напишала 46-годишната пејачка покрај фотографијата.
Северина за црвениот тепих облекла краток фустан со светки.
Таа направила драстична промена на фризурата. Северина ја скратила косата до раменици, а од своите фанови добила пофални зборови.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин