Германија и годинава најголем трговски партнер на земјава

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица.

99

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари годинава изнесува 1,075 милијарди долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1,416 милијарди долари, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со првите два месеца лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 341,6 милиони долари.

Според податоците на Државниот завод, покриеноста на увозот со извоз е 75,8 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во првите два месеца од годинава најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...