Прв концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири, сосема поинакво музичко издание

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

393

Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите во Македонска Филхармонија на 20 април со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш“ и ,„Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се веќе во продажба во „Југотон“ и преку продажната мрежа на „Купи карти за се“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...