Саудиска Арабија има потпишано меморандум со „SoftBank Group Corp“ за изградба на соларен парк во вредност од 200 милијарди долари.
Проектот вклучува сѐ од генерирање на електрична енергија до производството на соларни панели, како начин за намалување на зависноста на Саудиска Арабија од нафтата.
Проектот исто така ќе создаде 100.000 работни места и ќе ги намали за 40 милијарди долари енергетските трошоци на земјата. Вкупниот капацитет на паркот ќе достигне 200 гигавати до 2030-та година, според компанијата.