Поради Брегзит, Би-Би-Си ќе пресели дел од програмата во Амстердам

75
ФОТО: Лого / Твитер

Би Би Си ќе пресели дел од компанијата во Амстердам, за да може во случај на Брегзит без договор да продолжи со емитување на своите програми во земјите од ЕУ.

Медиумот во Амстердам нема да ја дислоцира својата редакција за вести, туку дел од комерцијалната продукција која ги создаде популарните серии како што се „Доктор Ху“ и „Истендерс“.

Со ваквата одлука Би Би Си сака да ја избегне судбината на Велика Британија, која веројатно за осум денови би можела без никаков договор да ја напушти ЕУ.

Доколку тоа се случи, британските медиумски куќи „преку ноќ“ би ги загубиле своите лиценци за емитување во државите од Унијата.

Најголем дел од продукцијата на Би Би Си ќе продолжи во Велика Британија, но дел од редакцијата задолжен за постпродукција и дистрибиција ќе се пресели во Амстердам.

Претставник на Би Би Си за односи со јавност не потврди официјално дека дел од медиумската куќа ќе се пресели во Холандија, но потенцира дека се подготвуваат мерки за продолжување на емитувањето програма во ЕУ.

Според европското законодавство, дирекцијата на медиумската куќа или значителен дел од вработените мора да се наоѓаат во една од земјите членки на ЕУ. Ако Би Би Си не пресели дел од својата организација тогаш ќе загуби право на емитување, а со тоа и приход од неколку стотина милиони евра годишно.

ФОТО: Лого / Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...