Група туристи на Исланд безгрижно уживале во погледот, не помислувајќи дека за неколку минути огромните делови од глечерот ќе почнат да паѓаат во вода. Тоа и се случило, па леденото цунами ги натерало луѓето панично да бегаат.
Оваа група туристи со водич обиколувала еден од познатите глечери, но за жал, во живо присуствувала и на последиците на дамнешното предупредување од научниците – како последица од глобалното загревање, глечерите полека, но сигурно се топат…
Туристите успеале да избегаат од ова цунами, но каде ќе бегаме сите ?