Замрзнатото овошје и зеленчук некогаш се поздрави од свежите

Научниците го испитале нивото на витамин Ц во малините, ананасот, морковите, грашокот и пченката шеќерец и утврдиле дека е мала разликата помеѓу свежата и замрзнатата состојба, дури во некои случаи замрзнатата варијанта содржела поголемо ниво на овој витамин.

497

Кога свежото овошје и зеленчук стојат неколку дена, тие ја губат својата нутритивна вредност, па стручњаците сметаат дека замрзнатите намирници се понекогаш подобра опција. Освен тоа, дури 2/3 од овошјето и зеленчукот се поздрави за јадење кога се замрзнати.

Замрзнувањето е едно од најстарите и најраспространети постапки на конзервирање на храната, а овозможува зачувување на вкусот, текстурата и нутритивната вредност на храната подобро од другите методи, како што се сушење, пастеризација и стерилизација.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...