Инстаграм профилот на Хари и Меган го сруши Гинисовиот рекорд на следбеници

777

Војводата и војводката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл собраа милион следбеници на заедничкиот профил на Инстаграм, побрзо од кој било друг досега, соопшти денеска Гинисовата книга на рекорди.

Британската кралска двојка вчера отвори заеднички Инстаграм профил, кој доби милион следбеници за помалку од шест часа, со што е срушен рекордот на јужнокорејската поп ѕвезда Канго Даниел. Досега бројот на следбеници се зголеми на 2,6 милиони.

Хари и Меган го нарекоа профилот „сасексројал“ (sussexroyal) и наведоа дека ќе го користат за споделување важни објави.

„Добро дојдовте на нашиот официјален инстаграм профил. Се радуваме што ќе можеме да ги споделиме работите кои не движат, работите кои ги поддржуваме, што ќе можеме да најавуваме важни настани и ќе се обидеме да анализираме некои многу важни прашања“, наведоа Хари и Меган во воведната објава на Инстаграм и се заблагодарија на поддржувачите кои ќе ги следат на оваа социјална мрежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...