Вашето тело не поднесува млечни производи? Никогаш не би ги препознале овие 7 симптоми

Симптомите не се толку силни како кај алергиите, па затоа луѓето и понатаму продолжуваат да консумираат млеко и млечни производи, а телото страда.

730

Лактозата се наоѓа во многу производи: млеко, сирење, јогурт, но и во чоколадото и многу други производи. Сепак, многу луѓе не знаат дека страдаат од интолеранција на лактоза.

Симптомите не се толку силни како кај алергиите, па затоа луѓето и понатаму продолжуваат да консумираат млеко и млечни производи, а телото страда. Ако се сомневате, еве кои непријатни симптоми се показатели на интолеранција на лактоза…

1. Подуеност
Еден од типичните симптоми на интолеранција на лактоза е надуеноста. Се собираат јаглерод диоксид и метан во цревата и предизвикуваат голема надуеност.

2. Болка во стомакот
Ако страдате од гасови и надуеност, нормално е дека не можете да ги испуштате во секој момент. Меѓутоа, тоа има свои последици: кога ги задржувате гасовите, цревата се напнуваат и предизвикуваат болка и чудни звуци.

3. Грчеви во стомакот
Еден од симптомите на интолеранција на лактоза дефинитивно се грчевите во стомакот.

4. Дијареја
Уште еден симптом на интолеранција на лактоза е дијарејата. Телото не е способно да ја разгради лактозата во тенкото црево, па сето тоа се случува во дебелото црево. Притоа, меѓу другото, настанува и млечна киселина, поради која се насобира вода во дигестивниот тракт и настанува дијареја.

5. Запек
Можеби звучи контрадикторно, но со текот на времето интолеранцијата на лактоза предизвикува и запек. Тоа може да се случи кога во цревата настанува метан поради интолеранцијата. Цревата работат побавно поради гасовите и доаѓа до непријатен запек.

6. Мачнина и повраќање
Поради неспособноста на телото да ја разгради лактозата, дигестивниот систем е екстремно оптоварен и доаѓа до мачнина, а во потешки случаи и до повраќање.

7. Главоболка и вртоглавица
Нетипични симптоми на интолеранција на лактоза се главоболката и вртоглавицата. Не е целосно јасно зошто доаѓа до овие симптоми, но можно е поради лактозата во дебелото црево да се создаваат материи кои преку крвта доаѓаат до целото тело и така предизвикуваат проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...