Струмичката ликовна колонија ќе се претстави во Прилеп

126

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре во 19.00 часот ќе биде отворена изложба на дела од 54-та Меѓународна Струмичка ликовна колонија, во организација на ЦК од Струмица.

Пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана меѓународна Струмичка ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.
– Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен – велат од Струмичката ликовна колонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...