Развој на Солунското пристаниште од каде што поминува 37 отсто од стоката и 6 отсто од контејнерскиот превоз на македонските бизнисмени, побара претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Тој на денешниот Бизнис форумот Северна Македонија – Грција, рече дека и покрај политичките проблеми, бизнисмените од двете земји соработувале и во изминатиот период.
– Бизнисмените 30 години работеа и ја развиваа соработката. Додека политиката трокираше, ние работевме интензивно – рече Азаски.
Неговиот грчки колега Константин Михалос од грчките трговско-индустриски комори и претседател на Солунската трговска комора, рече дека на првата официјална посета на грчки премиер во земјава постои можност за продлабочување на економската соработка.
– Оваа посета е можност за воспоставување на плодоносна мрежа за натамошната соработка – рече Миалос.
Тој посочи дека е добро да се развие соработка во туризмот, енергетиката како и во инфратструктурата.