Ципрас ги повика граѓаните да летуваат на Халкидики

Бизнисмените кои го придружуваат премиерот Ципрас и кои се присутни на Бизнис форумот се од секторот на градежништвото, енергетиката, прехранбената индустрија и нови технологии, а на Бизнис форумот ќе бидат разгледани можностите на проширување на нивниот бизнис во земјава.

1513

Пред почетокот на Бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на кој учествуваат повеќе од 400 бизнисмени од Грција и од земјава, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ги пречека претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Во обраќањето пред бизнисмените на Форумот, Ципрас им се заблагодари на новинарите за, како што рече, силните наслови за посетата и ги повика граѓаните на Северна Македонија годинава да летуваат на Халкидики, потенцирајќи дека се добредојдени во Грција.

Инаку, грчкиот премиер го придружува делегација со повеќе од 140 директори и претставници од над сто мали и средни претпријатија, меѓу кои се „Митилинеос груп“, „Интраком“, „Мотор оил“, „Прометеус гас“, „ГЕК Терна“, „Хеленик Петролеум“, „Актор“, „Апитивита“, ППЦ, ДЕСФА, ТИТАН, „Виохалко“, „Сиденор СА“, „Алфа дигитал“, „Алумил СА“, „Маламатинас & Сон СА“, „Охонос Снак СА“.

Бизнисмените кои го придружуваат премиерот Ципрас се од секторот на градежништвото, енергетиката, прехранбената индустрија и нови технологии, а на Бизнис форумот ќе бидат разгледани можностите на проширување на нивниот бизнис во земјава.

Грчките компании, како што посочува, веќе покажале интерес за инвестирање повеќе од 500 милиони евра во енергетскиот сектор во Северна  Македонија, а има интерес за вложување и во земјоделството и други сектори.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...