Бруно Јовановски со пет стрип-изданија на саемот во Швајцарија

На штандот на единствениот претставник од Македонија, ќе бидат изложени стриповите на Valium, Mike Diana, Nick Blinko и на Foma Jaremetschuk, ексклузивно објавени во „Црна хроника“.

204

Стрип-авторот и издавач Бруно Јовановски од Скопје ќе се претстави на саемот  во Луцерн, Швајцарија, со пет дела на странски автори, ексклузивни изданија – тврд повез англиски јазик – на неговата издавачка куќа „Црна хроника“, основана во 2013 година.

Саемот за независни издавачи „Smaal press heaven“ во организација на „Fumetto comic festival Luzern“, кој важи за еден од најголемите фестивали за независни стрип-изданија, ќе се одржи во два термина – првиот (отворањето) е викендов на 6 и 7, во кој ќе се претстави Јовановски, и вториот на 13 и 14 април.

На штандот на Јовановски, единствен претставник од Македонија, ќе бидат изложени стриповите на кои неговата „Црна хроника“ е прв издавач: Henriette Valium „Great success“, Mike Diana „Firebrat“, Nick Blinko „Pickmans model“, Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“ и Mike Diana „Boiled angel the first four“. Влијателното англиско списание за стрип-уметност „Outsider art rawvision“ (број 96) објави опширен приказ на шест страници за авторот и за книгата на Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“, текст напишан од професорот Colin Rhodes.

Издавачката дејност на Бруно Јовановски – дипломирал графички дизајн на Европскиот универзитет во Скопје – ќе продолжи со нови два наслова: Valium – Nitnit and the pink lambda mystery и Gunsho – Blood born, кои како и сите досегашни изданија на „Црна хроника“ ќе се појават како целосно независни, без чија било, што значи и без државна, финансиска поддршка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...