Избор на Топ 10 најуспешни менаџерки по 22-ви пат

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

302

Во организација на агенцијата „Марили“ вечерва во Скопје ќе се одржи 22. избор на Топ 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Годишаниот избор е поддржан од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која ќе биде присутна и ќе им се обрати на лауреатките.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. Годинашни добитнички на признанието се Пенка Мукаетова од КонсалтингИнтерГруп, Лидија Таскова-Попова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Јакимовска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристески Центар за современа ликовна уметност, Елена Табаковска „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“, Александра Аргир од Пивара Скопје, Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето.

Генералната менаџерка на „Марили“ Лидија Трипуноска вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на современата жена насловен како „Дама Да“ кој ќе се одржи на 31-ви овој месец.

На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики, а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...