На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во Скопје, во сепак, за таков тип на концерт малата ВИП Арена, познати се сите технички детали.
Имено, Лени Кравиц е познат како музичар кој која тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција. Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција. Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Лени Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на турнејата „Raise Vibration“, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре, велат организаторите.