„Мајкрософт“ и Бе-Ем-Ве со платформа ќе ги поврзуваат автомобилските фабрики

51

„Мајкрософт“ и Бе-Ем-Ве најавија создавање современа софтверска платформа преку која ќе се овозможи полесно поврзување на фабриките на автомобилскиот гигант.

Стручни лица сметаат дека тоа многукратно ќе го забрза развојот на производството на возила.

Извршниот директор на „Мајкрософт“, Скот Гатри соопшти дека мрежната платформа ќе биде составена од 3.000 машини, роботи и самоуправувачки преносни средства.

Слична зделка минатата недела склучија и „Фолксваген“, „Амазон“ и „Сименс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...