Европската комисија оцени дека даночните олеснување што Велика Британија им ги нуди на некои меѓународни компании се во спротивност со правилата на ЕУ.
– Тоа е илегално според правилата на ЕУ. Велика Британија треба да ги надомести овие државни субвенции – изјави еврокомесарката за конкурентност Маргрете Вестагер.
Таа нагласи дека ЕУ очекува Велика Британија да ги исполнува своите обврски пред и по истапувањето од Унијата.
Во реакцијата на Еврокомисијата не се посочува колкава сума на средства треба да надомести Лондон, како ни имињата на компаниите на кои им биле дадени даночни олеснувања.