Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, заедно со принцот Хари им оддала почит на жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд, со посета на амбасадата на оваа земја во Лондон.
Наводно, кралицата им дала важна задача на оваа посета, бидејќи тие двајца последни ја напуштиле оваа земја од кралското семејство пред терористичкиот напад.
Луѓето биле облечени во црно, а многумина забележале дека Меган изгледа беспрекорно во подоцнежната бременост.
Кралското семејство го очекува раѓањето на бебето во април, а судејќи по активностите, Меган одлучила да не мирува за време на бременоста.