Пејачот Џастин Бибер (25) толку се заиграл со првоаприлската шега така што дури ја налутил и својата сопруга Хајли (22). Пејачот на Инстаграм објавил фотографија од ултразвук на која се гледа бебе и гордо најавил дека ќе стане татко.
Обожвателите прво биле воодушевени па им ја честитале среќната вест, но потоа сфатиле дека фотографијата е идентична на онаа во Гугл пребарувањето. Тогаш сфатиле дека Џастин само се пошегувал за први април.
– Ова е толку невкусно што ми се гади, навистина претера со ова. Навистина си болен – му порачале налутените фанови. Ниту неговата сопруга не бил воодушевена од неговата смисла за хумор.
– Многу смешно – напишала во коментарот покрај фотографијата од ултразвукот. Иако го уловиле во лага, Бибер не се откажал. Објавил фотографии од сопругата како лекарите ѝ го прегледуваат стомакот.
– Ако мислевте дека само се шегувам за 1 април, размислете повторно – бил упорен Бибер. По неколку часа шегување, објавил уште една фотографија од ултразвук, но овојпат на фотографијата било куче, а не бебе.
– Чекај малку, па денес е денот на будалите – напишал, а обожавателите во коментарите жестоко го исплукале.
– Ти си будала, го сфативме тоа уште пред три часа, навистина не си нормален – напишале огорчените обожаватели.
Најмногу биле згрозени од фактот дека Џастин и Хајли пред неколку дена изјавиле дека не планираат да имаат семејство сè додека неговата здравствена состојба не се подобри, односно додека не се извлече од депресијата.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин