Најмалку 12 лица се повредени за време на комеморацијата за раперот Нипси Хасл, кој беше убиен викендов во Лос Анџелес.
Од нив, двајца се во критична состојба, соопштија надлежните.
Немилиот настан се случил во метежот кој меѓу неколкуте стотици присутни го предизвикала гласна бучава, по што тие почнале панично да трчаат.
Шефот на Полицискиот оддел во Лос Анџелес ги отфрла наводите дека на комеморацијата имало пукање.
Нипси Хасл, чие вистинско име е Ермијас Асгедом, во неделата беше затрелан со огнено оружје, по што беше превезен во болница, каде што им подлегнал на повредите.