Концертни настапи на пијанистката Даница Стојанова во Холандија

196

Македонската пијанистка Даница Стојанова ќе настапи во Амстердам, Холандија на 4 април со целовечерен концерт. Во рамки на нејзиното гостување во Холандија во текот нас овој месец таа ќе одржи и два полурецитали. Во 1990 година таа беше одбрана од Ротердамскиот Конзерваториум како нејзин стипендист и има настапувано повеќепати на холандската музичка сцена.

Од 2016 година Стојанова е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски‘“.
Во 2019 година по повод 85 години од раѓањето на композиторот професор Томислав Зографски, пијанистката доби специјално признание од Фондацијата „Томислав Зографски“, за посветеноста на музиката и уметноста и бројните концерти ширум светот, за промоција на творештвото на Зографски и за македонското музичко творештво кои се дел од македонското културно наследство.

Стојанова е член е на меѓународната пиано-дуо асоцијација во Токио, Јапонија и е автор е на книгата „Фредерик Шопен-поет на пијаното“.Даница Стојанова е позната како голем поддржувач на младите уметници од државата помагајќи им со организирање на нивни концерти, препорака за учество на пијано мастер класи и натпревари, како и стручна соработка на меѓународно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...