Џозефин Клинтон (49), која по долготрајни обиди да остане бремена со помош на вештачко оплодување поради пораснатиот стомак помислила дека навистина забременила, за набрзо да открие дека за нејзиниот „труднички стомак“ се, всушност, виновни два тумори, еден со големина на јаболко, другиот со големина на зрно грозје.
Стомакот ми се создаде буквално од нигде никаде, со тоа што забележав дека во остатокот од телото слабеам. Го „изгубив“ задникот, рацете и нозете ми се истенција, а ослабнав и во лицето – рекла Џозефин.
„За да го намалам обемот на стомакот дури се обидував и да вежбам, но безуспешно“, додала Џозефин. Додава дека извесно време дури се обидувала да вежба, за да се ослободи од стомакот, но тоа не ѝ успеало. Поради тоа пријателките додека пиеле кафе еден ден ја наговориле да направи тест за бременост. Не била сигурна дека тука е решението, бидејќи таа и сопругот Гери морале да се соочат со дијагнозата дека не можат да имаат деца, но на наговор на пријателките, одлучила да направи тест.
– Беше негативен, секако – рекла разочараната Џозефин и додала дека цело време имала чувство дека во стомакот нешто ѝ се случува, како да испила премногу чај.
Кога лежела на грб, имала чувство дека тоа нешто ѝ се враќа во грлото, па почнала да спие врз неколку перници. Матичниот лекар се посомневал дека е во прашање синдром на иритабилно црево, но Џозефин, сепак, одлучила да отиде во локалната болница по второ мислење.
Кога ѝ било направено ехо на стомакот, лекарите биле шокирани од тоа што го виделе внатре. Таа во стомакот имала два огромни тумора, од кои ѝ бил загрозен животот.
Прегледот покажал дека се во прашање два тумори на јајчниците, еден со големина на јаболко, другиот со големина на зрно грозје.
– Лекарите ми рекоа дека сум имала среќа што сум дошла навреме, бидејќи ако сум чекала уште само неколку дена, исходот би можел да биде многу полош – рекла Џозефин која само два месеци откако се понадевала дека е бремена завршила на хистеректомија.