Мајка на девојче од Јоркшир тврди дека косата на нејзината ќерка изгледа како коса на трол кукла поради редок синдром, но и дека неретко се соочува со навреди и злобни коментари.
Вајнтер Сејмор (7) има синдром на нерасчешлана коса, кој се смета дека го имаат само 100 луѓе во светот.
– Девојчето е родено со црна густа коса, но одеднаш почна да ѝ расте руса коса па поради тоа изгледаше како пиле – рекла нејзината мајка Шарлот Сејмор (33).
Девојчето привлекува внимание каде и да оди, додека непознати личности редовно ѝ приоѓаат на нејзината мајка и ја прашуваат: „Што не е во ред со нејзината коса?“ Некои дури и ја напаѓаат Шарлот дека го занемарува детето, но таа изјавила дека девојчето ужива во вниманието што го добива.
Шарлот долго време не знаела дека нејзината ќерка страда од некаков синдром. Испробала многу различни средства како би ѝ ја расчешлала косата, но ништо не успеало. Па така, помош побарала на интернет и започнала да пребарува за да пронајде решение, но всушност го нашла проблемот.
– Косата ѝ е луда. Како да се собира во средината и има милион луди прамни. Навистина е невозможно да повлечеш чешел низ неа. Кога оди на училиште, само ѝ ја врзувам во опавче за да не ѝ смета – рекла мајката.