Претседателски избори во Украина

130
FOTO MIA
 Украинците денеска ќе гласаат за еден од 39 кандидати за претседател, за кој се надеваат дека ќе се справи со ендемската корупција, на изглед нерешливата војна со проруските сили во источниот дел од земјата и ќе ја зајакне економијата.

Актуелниот претседател Петро Порошенко ќе се обиде да добие уште еден мандат, но според последната анкета, објавена во петокот, тој има поддршка само од 13,7 отсто од гласачите.

Резултатите на анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија покажуваат дека комичарот Володимир Зеленски, кој досега не бил на јавна функција, е фаворит, но е далеку од победа во првиот круг.

За Зеленски, кој се прослави глумејќи претседател во една телевизиска комедија, се изјасниле 20,9 отсто од испитаниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...