Повеќе од 57 милиони луѓе ќе гласаат на околу 200.000 избирачки места во 922 окрузи. Граѓаните ќе избираат претставници во локалните собранија, како и десетина илјади селски администратори, кои ги нарекуваат „мухтари“.
Ердоган откако неговата Партија на правдата и развојот во 2002 година дојде на власт досега нема изгубено ниту едни избори. Неговата партија заедно со Националистичкото движење и Партијата на големото единство се обединети во коалицијата Народна алијанса.
Партијата на правдата и развојот има свој кандидати во 27 градови, националистите во три, а како коалиција во 21 град.
Главната опозиција е претставена од коалицијата Национална алијанса, која е составена од секуларната Републиканска народна партија и националистичката Добра партија.
Прокурдската Народна демократска партија, втора по големина опозициска група во Парламентот, ја предводи Курдската изборна алијанса, која има кандидати во југоисточниот дел на Турција.