Сугарески: Надминати проблемите за изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп

758

Надминати се сите проблеми во изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и се очекува во почетокот на наредната година најголемиот број работи да завршат, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше на увид на работите на гасоводот кај Прилеп.

– Во најголема мера се надминати проблемите во делот на изградбата на патот кај Фаришката Клисура, како и кај Дреново. На автопатот кон Прилеп се гради нова патарина што ќе биде приклучок на новиот експресен пат. Динамиката на активностите  е зголемена. Моите очекувања се дека динамиката на изградбата на експресниот пат сериозно ќе се интензивира и во почетокот на наредната година, во најголема мера,  работите ќе бидат завршени. Најголемиот дел од проблемите со проектни документации и експропријации се завршени и надминати и затоа се очекува сериозната динамика на изградбата на овој експресен пат, изјави Сугарески.

Експресниот пат Градско-Прилеп се гради во три фази. Првата беше Градско-Дреново во должина од 16 километри, втората е од Фариш- Дреново во должина од 10 километри, а третата од Прилеп до Ленишки Мост и изградба на трета лента на делницата  од селото Беловодица до каменоломот во должина од 7,5 километри.  Целиот пат од вкупно 33,5 километри е во вредност од близу 63 милиона евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...