Полицијата во Барселона соопшти дека денеска уапси седум лица за време на судирите со радикалните каталонски сепаратисти, кои протестираа поради политички собир на новоформираната ултрадесничарска партија Вокс.
При протестите полесно повредени се пет луѓе од кои еден е полициски офицер.
Сепаратистите фрлаа камења и палеа дрвја на улиците при судирот со полицијата.
Вокс се обидува да освои први пратенички места во шпанскиот Парламент на изборите што се закажани на 28 април.
Вокс е против каталонското сепаратистичко движење.