Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит

131
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Франција е „најподготвената земја”, меѓу оние кои се директно засегнати и кои ќе мораат да се справат со последиците од Брегзит без договор, дури и ако е потребно да се „забрзаат” подготовките и да се преговара со Лондон за риболовот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред избраните претставници на регионот Горна Франција, јави дописникот на МИА.

– Ако на 12 април Британците не дадат согласност, ќе одиме кон отсуство на договор и тежок Брегзит со сите последици што ги наметнува, предупреди тој, непосредно пред третото отфрлање од британските пратеници на договорот постигнат меѓу премиерката Тереза ​​Мај и Европската унија.

Макрон истакна дека во таков случај „ќе се забрза финалната фаза на подготовка, но ние сме без сомнение најподготвената земја меѓу оние кои се директно засегнати”.

Прашан од избраните претставници од Северна Франција за судбината на француските рибари, кои работат главно во британските води, Макрон нагласи дека е „почнат дијалог со Британците по ова прашање”.

ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...