Нездравата исхрана убива повеќе од алкохолот, дрогата, пушењето и несигурниот секс заедно

За да го зачуваме своето, но и здравјето на планетата, научниците сметаат дека ни треба радикален исчекор – отстапување од преработената храна и црвеното месо и вртење кон растителна исхрана, но не кон чисто вегетаријанство, туку кон исхрана која ѝ одговара на медитеранската.

869

Сите знаеме дека начинот на кој се храниме влијае врз нашето здравје. Помалку очигледно е дека нашата исхрана влијае и врз здравјето на планетата.

Се проценува дека производството на храна има до 30 отсто удел во емисиите на стакленичките гасови во светот додека за земјоделие користиме околу 40 отсто од вкупната површина на Земјата. Значи, што би требало да јадеме за да си го одржиме своето, но и здравјето на планетата?

Одбор од 37 научници од 16 земји, на чело со професорот д-р Валтер Вилет кој на Харвард предава јавно здравје, кој ова прашање го проучува веќе со години, неодамна во Lancet објавил извештај за своите наоди.

Во извештајот насловен „Храна во антропоцен: комисија за здрава исхрана која доаѓа од одржливи прехранбени системи на EAT-Lancet“ се вели дека научниците не мислат дека би требало да продолжиме да го јадеме она што го јадеме денеска. Моментално, нездравата исхрана предизвикува повеќе смртни случаи од алкохолот, дрогата, пушењето и небезбедниот секс заедно.

Освен тоа, модерното земјоделие генерално повеќе се темели на профит отколку на одржливост. Заради сето тоа итно е потребна глобална трансформација на прехранбениот систем.

Би ни требал радикален исчекор, она што научниците го нарекуваат голема прехранбена трансформација – отстапување од преработената храна и црвеното месо и вртење кон растителна исхрана, но не кон чисто вегетаријанство, туку кон исхрана која ѝ одговара на медитеранската.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...