Специјалци им го одзеле детето, бидејќи не е вакцинирано, снимката од Аризона ја згрози јавноста ВИДЕО

Полицајци со полна опрема ја урнале вратата од семејната куќа откако таткото на двегодишното дете одбил да им отвори врата.

182

Шокантна снимка од Аризона го обиколи светот. Специјалци насилно упаднаа во куќата на семејство во кое се наоѓа невакцинирано дете со температура од 40 степени Целзиусови и им го одзеле на родителите зошто не сакале да го однесат во болница зошто во меѓувреме му ја снимнале температурата.

Полицајци со полна опрема ја урнале вратата од семејната куќа откако таткото на двегодишното дете одбил да им отвори врата. Специјалците дошле откако лекар ги пријавил родителите во Центарот за социјална работа, зошто стравувале дека детето има менингитис. Подоцна, сепак, се утврдило дека има респираторна инфекција.

Родителите, во февруари го одвеле детето на лекар во момент кога имало зголемена телесна температура. И покрај советите на лекарите детето да го одведат во болница, тие не го направиле тоа, бидејќи привремено му се спуштила температурата. На лекарот му рекле дека не го вакцинирале синот, а тој ги повикал надлежните кога дознал дека детето не е однесено во болница.

Адвокатката Кели Таусенд, која лобирала за закон со кој ќе му се оневозможи на Центарот за социјална работа да добие налог за претрес за да го одземат детето од родителите во ситуација која не е вонредна, остро го осудила инцидентот.

„Што е со вистинските родители за да одлучат што е најдобро за нивното дете? Кој, всушност го гледа детето: Се чини дека овде надзорот над детето го презел лекар, а родителите никој не ги прашува. Мораме да признаеме дека оваа ситуација е погрешна и дека мора да се фокусираме на случаите во кои навистина постои негрижа и злоставување на дете“, рече таа.

ФОТО: Pjimage/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...