Почина француската режисерка Агнес Варда

152

Француската режисерка и пионерка на Новиот бран, Агнес Варда денеска почина на 90 години во Париз, по кратко боледување.

Варда е позната по филмовите „Клео од пет до седум“, „Вагабонд“, за кој во 1985 година беше наградена со Златниот лав и со Жако од Нант

Таа припаѓаше на Левиот брег на францускиот Нов бран, заедно со Ален Ресне, Крис Маркер и Маргарит Дурас.

Варда е најстарата личност која доби номинација за Оскар за животно дело минатата година.

Таа беше во брак со режисерот Жак Деми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...