Лицата со мултипла склероза добија официјално Национално здружение

234

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е формирано овој месец како резултат на, како што наведуваат, зголемениот број новодијагностицирани лица со оваа болест во државава.

– Алармантната состојба на зголемениот број на новодијагностицирани лица со МС (околу 80-тина пациенти годишно) и намалувањето на старосната граница, придонесе во фокусот на нашите заложби и активности да бидат подигнување на јавната свест, едукација, афирмација на потребите и сериозен пристап во навремена дијагностика, поголема достапност на иновативни, високоефикасни лекови, ран и адекватен и современ третман следејќи ги светските насоки/водичи за МС – наведуваат од Здружението.

Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем, каде настанува оштетување на обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, кое води до прекин на невротрансмисијата, дегенерација и траен инвалидитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...