Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека договорот меѓу Турција и Русија за купување на противракетен систем С-400 останува во сила и оти Москва и Анкара разговараат за временската рамка за испорака.
– Договорот со Русија за системот С-400 останува во сила и тие одбранбени системи ќе бидат испорачани на Турција – рече Чавушоглу, по разговорот со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
Тој објасни дека Турција набавува противрактени системи С-400 за сопствена потреба и оти немаат намера да ги препродаваат системите на трети земји.