Доктор Емир Солаковиќ е општ и кардиваскуларен хирург, редовен професор е на Медицинскиот факултет во Сараево и поранешен шеф на Васкуларната клиника при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пишува српски „Ало!“.
Специјализацијата од областа на општата и васкуларната хирургија ја завршил во Сараево, а специјализацијата од кардоихирургија во Германија.
Овојпат зборувал за начинот на животот и што, всушност, претставува здрав живот.
– Кога ќе дојдат странци кај мене, првата работа која ја бараат е просторија за пушење цигари. Тие пушат една по друга цигара, јадат пита и тоа трае два-три дена. Потоа се враќаат во својата земја која има поинаков систем и тоа не е нивниот начин на живот – започнал докторот.
Потоа објаснил зошто се мали шансите босанскиот народ да биде здрав:
– На нашите факултети, ние два часа учиме за здравиот живот и тие два часа нѝ се здодевни. Што вреди кога ќе дојде пациент кај доктор, кога докторот не знае што да му каже. На телевизија гледаме разни реклами, поминувате низ градот и гледате само ќебапи, никаде нема риба. Нашиот народ нема теоретска шанса да биде здрав и потоа три дена пред смрт, доаѓаат и прашуваат како би можеле да живеат здрав живот. Јас им велам: „Најдобро посипи се со песок и почни да се навикнуваш на земја“, додал Солаковиќ, а неговиот одговор ги освои социјалните мрежи.