Кафе не би требало да се пие пред 9 ипол часот, открил невролог од „University of the Health Science“, Стивен Милер.
Ова го објаснил со фактот дека помеѓу 8 и 9 часот наутро нивото на кортизол во крвта е прилично високо.
Кортизол е хормон на стрес кој ја поттикнува работата на телото во фаза на будење и не прави будни. Стивен Милер препорачува утринско кафе најмалку 90 минути после будењето. Притоа, претпоставува дека стануваме околу 8 часот.
„Наутро кафето е најделотворно помеѓу 9 и 30 и 11 и 30 часот, кога нивото на кортизол во крвта е ниско“, рекол научникот. Објаснил дека тогаш телото полесно може да го преработи стимулирачкиот кофеин и нагласил уште еден факт кој го знаат малку луѓе, а тоа е дека оној кој внесува кафе во телото додека природниот хормон кортизол уште делува, може да развие отпорност кон кофеинот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey