Одлуката на Владата во Венецуела да му забрани на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да обавува јавни функции наредните 15 години го попречува изнаоѓањето на мирно решение на кризата во земјата, соопшти денеска Меѓународната контакт група за Венецуела.
Истовремено, Контакт групата го осуди таквиот потег на венецуелската Влада, наведувајќи дека со тоа се поткопуваат напорите за постигнување мирно и демократско решение за кризата.
Првиот состанок на Контакт групата се одржа на 7 февруари во Монтевидео, а на тој состанок присуствуваа претставници на земјите од ЕУ, Боливија, Костарика, Еквадор и Уругвај.
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES