Имаат милиони, должат повеќе од 120.000 долари кирија, а поради дупки во законот станодавецот не може да ги исфрли ФОТО

Емили и Себастијан поседуваат стан во Лос Анџелес кој вреди 2 милиони долари, но одлучиле да живеат во Њујорк.

613

„Јас се вселив во неговиот стан пред една година. Горда сум што ја води оваа битка против конгломератот за недвижнини“, навела Емили Ратајковски.

Една од најзгодните жени на светот, манекенката Емили Ратајковски, заедно со својот сопруг Себастијан Меклард живее во Њујорк во стан на поткровје, меѓутоа, тоа што е интересно е дека тие не плаќаат за станот и за кирија должат повеќе од 120.000 долари.

Меѓутоа, Емили и Себастијан се заштитени поради дупка во законот, па така станодавецот не им може ништо по тоа прашање. „Виновник“ е таканаречениот „закон за поткровја“ од 1982 година, со кој Град Њујорк им забранува на сопствениците на недвижности да ги исфрлаат уметниците и другите станари со ниски приходи, така што им е дозволено да живеат на поткровје.

Емили и Себастијан поседуваат стан во Лос Анџелес кој вреди 2 милиони долари, но одлучиле да живеат во Њујорк. Манекенката по овој повод се огласила и објаснила дека нејзиниот сопруг не е богат.

– Мојот сопруг е независен филмски продуцент, поради што луѓето погрешно претпоставуваат дека е богат. Тоа е убаво, но не е точно. Пораснал во населбата во која сега живее и двајцата родители своевремено му се исфрлени од стан во Њујорк, бидејќи станодавците ги кренале цените надвор од нивната платежна моќ. Јас се вселив во неговиот стан пред една година. Горда сум ја води оваа битка против конгломератот за недвижнини, кој ја купил зградата за 40 милиони долари и шири лаги за станарите за да заработи – наведува Еми.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...