АХВ бара ветеринарните друштва да гo забрзаат вадење крв од овците

82

Споро течат активностите за вадење крв од овците за дијагностичко испитување на бруцелозата, оценил директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешната средба со претседателот на Венеринарната комора, Томислав Николовски.

Атанасов  побарал од Николовски во следниот период ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен со цел сточарите да можат да го запазат законскиот рок за аплицирање за добивање субвенции.

На состанокот била разгледана можноста за електронска идентификација на овците, за што, заеднички е констатирано дека примарно во моментот е да се утврди реалната бројна состојба на овците во одгледувалиштата, за што, како што информира АХВ, во тек се активности на официјалните ветеринари и ветеринарните друштва со кои Агенција има потпишано договори.

Зависно од тоа колкав реално ќе биде бројот на овците на терен, дополнително, со влезот на Република Северна Македонија во Европската унија, ќе се одлучи и дали ќе се премине на системот на електронско обележување на овците, велат од АХВ.

За претстојното идентификување на копитарите со микрочипови, на состанокот било заклучено дека е потребно во текот на идната недела да се изврши обука на ветеринарите од ветеринарните друштва кои ќе ја реализираат оваа активност, за начинот на внесување на податоците во модулот за копитари во Информацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...