Резолуција на Советот за безбедност на ОН против финансирање на тероризмот

27

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои Резолуција, чиј цел е јакнење на глобалните напори во борбата против „бројните и новите начини на кои терористичките групи обезбедуваат средства за финансирање на своите операции“.

Со Резолуцијата се бара сите 193 земји членки на ОН да обезбедат мерки во борбата против тероризмот и неговото финансирање, кои ќе се во согласност со меѓународното хуманитарно право и законите за човековите права и за бегалците.

Резолуцијата, предложена од Франција, предвидува сите држави да обезбедат домашните закони да бидат доволни за кривично гонење и казнување на оние, кои се одговорни за директно или индиректно финансирање на „терористички организации или поединци терористи за која било цел“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...