Анѓушев: Потребни се одржливи инфраструктурни проекти, не само желби

Анѓушев информира дека веќе има готови проекти за половина пат од Кичево до Гостивар, (Кичево - Богојчани), за железницата Кичево - Лин, за железницата кон Бугарија, како и ревидирани проекти на автопатот по Коридорот 8.

195

 

Кога влеговме во Владата немаше технички проект за железничката линија Кичево – Албанија и за патот Скопје – Блаце што е само 13 километри на македонска територија, не беше завршен проектот Кичево – Охрид, не беа дозавршени проектите на железницата кон Бугарија, автопатиштата беа проектирани, но не ревидирани, а немаше ниту проект за делницата Гостивар – Кичево, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

Анѓушев рече дека раст на економијата се потребни и капитални инвестиции, но тоа треба да бидат одржливи инфраструктурни проекти за кои најпрво е потребно изготвување технички проекти, а потоа и распишување тендери.

– Каква инфраструктура ќе почнете да градите ако немате технички проекти? Без технички проекти, имате само желба. Во изминатите седум-оусм месеци ние влеговме во проектирање. Сега има готови проекти за половина пат од Кичево до Гостивар, (Кичево – Богојчани), за железницата Кичево – Лин, за железницата кон Бугарија, како и ревидирани проекти на автопатот по Коридорот 8. Пракично, веќе сме подготвени да почнеме со тендерски постапки. Но, тие мора да бидат транспарентни. Во разговори сме со финансиските институции, ЕБРД и Светска банка, од каде имаме позитивни сигнали за финансирање. Кога имаме технички проекти и финансирање, тоа е квалитетна инфраструктура – рече Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...