Одредени симптоми на тешките болести ги игнорираме сè додека не стане предоцна за лекување.
Многу луѓе едноставно не се грижат за опасностите од ракот, сè додека не ја слушнат таа страшна дијагноза. Оваа опасна болест може да се развие поради најнеобични причини, како што се силиконите во градите или пречестото летање со авион.
Понекогаш, болеста е проследена и со необични симптоми, како што бил случајот со Шарлот Витман. Таа мислела дека осипот на градите бил предизвикан од агресивен детергент за облека, но се испоставило дека станува збор за агресивен рак на дојката.
Сите сме слушнале за почестите видови рак, како што е рак на мозокот, белите дробови или дојката, но постојат и поретки видови како што е карцином на бубрегот. Оваа болест е многу тешко да се открие во раните фази, затоа што практично нема некои позначајни симптоми што би ја предупредиле болната личност.
Во подоцнежните фази, ракот на бубрег може да биде проследен со:
– крв во урината;
– постојана болка во колковите или грбот;
– губење на апетитот;
– губење на килограмите;
– тежок замор;
– ненадејни промени на температурата на телото
Главната причина за ракот се генетските мутации на клетките, кои може да бидат наследни или предизвикани од надворешни фактори, како што се нивото на канцерогени елементи, особено кога станува збор за чадот од тутунот.
Пушењето, па дури и пасивното пушење, го зголемуваат ризикот од рак на бубрези, затоа што тие ја филтрираат крвта која е заситена од штетните состојки што влегле во организмот преку белите дробови.
Постарите луѓе, но и оние со вишок килограми, болни од хипертензија, лимфома или со зависност од таблети против болки, спаѓаат во групата на поединци со зголемен ризик од рак на бубрези.
Покрај јасните симптоми на болеста, постојат и скриени што најчесто ги игнорираме:
– зголемен крвен притисок;
– анемија;
– болки од левата или десната страна на абдоменот;
– отечени зглобови;
– кај мажите може да има отечени вени околу десниот тестис;
– ширењето на ракот по другите органи може да биде откриено со отежнато дишење,
– болка во коските и искашлување крв
Тешко е да се дијагностицираат ваквите видови рак најмногу поради положбата на бубрезите во телото. Меѓутоа, важно е да се спомене дека излекувањето е возможно. Тоа обично подразбира хируршко отстранување на ткивата и дополнителна терапија. Стапката на преживување ваква болест е релативно висока, дури и кај повозрасните пациенти.