Тим од министри ќе ги билда капиталните инвестиции

Според него, лошите услови за градење биле причина за ниската реализација на  капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава кои изнесуваат 15 милиони евра односно,3,5 отсто од планираните 422 милони евра капитални инвестиции. 

125

Владата формира тим од министри со задача да ја контролира реализација на капиталните инвестиции годинава, информира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој смета дека овој вид на инвестиции ќе се реализираат поинтензивно годинава.

– Тимот го предводам јас заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за економија Крешник Бектеши што има за задача во името на Владата да ги контролира капиталните инвестиции и да ги забрзува. Тимот почна да функционира пред еден месец и веќе има сериозни исчекори, а бројките допрва ќе се видат – рече Анѓушев пред почетокот на меѓународната арбитражна конференција „Преку унапредување на арбитражното законодавство до подобро деловно опкружување“ во Стопанската комора на Македонија.

Според него, лошите услови за градење биле причина за ниската реализација на  капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава кои изнесуваат 15 милиони евра односно,3,5 отсто од планираните 422 милони евра капитални инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...