Загинаа 18 лица откако камион удри во група луѓе во Гватемала

53
ФОТО: АП / Курир.рс

Властите во Гватемала соопштија дека бројот на настрадани во сообраќајната несреќа на автопат кога камион удри во група луѓе е 18, а не 32, како што првично беше соопштено.

Министерот за здравство Карлос Сото изјави дека во несреќата се повредени 18 лица, меѓу кои има и деца.

Портпаролот на противпожарната служба Сесило Чакај истакна дека до несреќата дошло кога камион удрил во група луѓе кои излегле на пат да проверат во каква состојба е едно лице, кое претходно било удрено од автомобил.

Чакај истакна дека конфузијата во првичните информации довела до тоа неговата единица да наведе погрешен број жртви.

– Луѓето прво изјавија дека загинале 30 па дури и повеќе лица, но кога ја разгледавме областа можевме точно да ги преброиме телата – рече Чакај.

Несреќата се случила во местото Нахуала, западно од Гватемала Сити.

– Во овој момент ги координираме акциите за да им дадеме целосна поддршка на семејствата на жртвите. Најискрено сочувство – напиша претседателот на Гватемала, Џими Моралес.

ФОТО: АП / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...