Кети Пери и Орландо Блум ќе станат родители?

Некои медиуми пренесуваат дека популарната пејачка наместо со вино цело време на вечерата наздравувала со обична вода.

321

Светската музичка ѕвезда Кети Пери наводно очекува бебе со својот долгогодишен партнер, британскиот актер Орландо Блум, шпекулираат американските таблоиди.

Овие шпекулации добиле на интензитет во последните денови откако 34 годишната Кети е видена со истакнат стомак, кога со својот осум години постар свршеник била на романтична вечера, во близина на својот дом.

Некои медиуми пренесуваат дека популарната пејачка наместо со вино цело време на вечерата наздравувала со обична вода.

Претставникот за медиуми на Кети Пери по овие медиумски шпекулации изјавил дека тој нема да го коментира приватниот живот на популарната пејачка, со што ниту ја потврдил ниту пак, демантирал веста за бременоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...