Брегзит ќе почека до мај, за одложувањето гласаа 441 пратеник

457

Со убедливо мнозинство британските пратеници донесоа одлука за одложување на излезот од ЕУ до 12 април или до 22 мај.

За одложување на Брегзитот гласаа 441 пратеници , а против 105.

Британија според минатогодишниот договор требаше да излезе од ЕУ на 29 март.  Лидерите на ЕУ минатата недела и дозволија на Британија одложување до 12 април , доколку парламентот и по трет пат го отфрли договорот што го постигна премиерката Тереза Меј.

Таа вечерва најави оставка пред следната фаза на преговорите за Брегзитот. Доколку парлементот го усвои договорот, тогаш терминот за излез е 22 мај, ден пред изборите за ЕП.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...