Дознајте каде грешите: Девет најчести заблуди за високиот крвен притисок

Проверувањето и следењето на крвниот притисок е непотребно доколку сте помлади од 40 години, е една од заблудите.

868

Високиот крвен притисок е голем проблем на денешницата, а доколку истиот не се третира со соодветна терапија може да предизвика големи здравствени проблеми, вклучувајќи ги коронарните срцеви заболувања, мозочниот удар, нерамномерното работење на срцето и оштетувањето на бубрезите. Високиот крвен притисок може да доведе до кобен исход.

Понискиот притисок секогаш е подобар
Заблуда: Нискиот крвен притисок не е причина за грижа!
Факт: Нискиот притисок (хипотензија) може да биде проблем ако предизвикува симптоми како што се вртоглавицата, несвесност, шок… Несвесноста и вртоглавицата може да доведат до губење на рамнотежата и сериозни падови, додека шокот, поради кој доаѓа до сериозно нарушување на циркулацијата, доколку веднаш не се лекува веднаш може да има и смртен исход. Меѓутоа, вистина е дека нискиот притисок е, всушност, сосема нормален за некои луѓе.

Ако сте млади, не треба да се грижите за притисокот
Заблуда: Проверувањето и следењето на крвниот притисок е непотребно доколку сте помлади од 40 години.
Факт: Експертите советуваат следење и проверување на притисокот уште од 18-годишна возраст. Текот на адолесценцијата, староста, развојот на телото и сексуалниот развој имаат огромна улога во одредувањето на притисокот.

Немам никакви симптоми
Заблуда: Нервозата, потењето и тешкотиите при спиење се дел од симптомите на високиот притисок.
Факт: Она за коешто дури една третина од луѓето не се свесни е фактот што тие имаат висок крвен притисок, а тоа е така, пред сѐ, затоа што крвниот притисок речиси и да не пројавува симптоми.

Двојна неволја
Заблуда: Ако човекот има високо ниво на холестерол, следствено на тоа има и висок крвен притисок.
Факт: Многубројни лоши животни навики, како што е консумирањето на мрсна храна и недостатокот на физичка активност, создаваат ризик од високо ниво на холестерол и висок притисок. Меѓутоа, можно е пациентот да има високо ниво на холестерол, без притоа да страда и од висок притисок.

Паузирање од терапија
Заблуда: Кога еднаш ќе почувствувате дека ви е подобро, слободно можете да престанете со консумацијата на лекови против висок притисок.
Факт: Ако лекарот ви препишал лекови за контрола на високиот притисок, бидете внимателни и точно следете ги неговите упатства затоа што е исклучително опасно самостојно да ја менувате дозата или пак, да ја прекинете терапијата.

Крвен притисок? Па тоа е машка болест!
Заблуда: Само мажите треба да се грижат за високиот крвен притисок, додека пак, жените се имуни на истиот!
Факт: Не треба дополнително да се објаснува дека напротив, и жените страдаат од висок крвен притисок!

Лековите без рецепти се безбедни
Заблуда: Сите лекови коишто се издаваат без рецепт, а се наменети за олеснување на симптомите од настинката и грипот, се безбедни за луѓето со висок крвен притисок.
Факт: Назалниот деконгестив, кој го има во капките и спрејовите за нос, наводно го зголемува крвниот притисок и може да има влијание врз дејството на терапијата што ја консумирате за високиот крвен притисок. Погрижете се лековите за настинка и грип да не содржат деконгестиви.

Инсулинот е виновник за високиот крвен притисок?
Заблуда: Користењето на инсулин предизвикува стврднување на артериите и следствено на тоа, висок крвен притисок.
Факт: Некогаш лекарите сметале дека инсулинот ги предизвикува претходно споменатите здравствени состојби, но сега тие потврдуваат дека тоа не е така.

Само кај лекарот се покажува високиот крвен притисок
Заблуда: Крвниот притисок секогаш е висок само кај лекарот, а во домашни услови е нормален… Сето тоа е само трема и нервоза.
Факт: Можно е поради нервозата, привремено пациентите да се соочуваат со висок крвен притисок, меѓутоа, никогаш не треба да се игнорираат мерењата кои укажуваат на високиот крвен притисок. Редовно мерете го притисокот во домашни услови, па споделете ги мерењата со лекарот на следната контрола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...