Книга со латински мудрости од Владимир Мартиновски

210

Во книжарницата „Литература.мк“ вечерва од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Дур дишам се надевам“ од Владимир Мартиновски. Книгата е издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и содржи илустрации на Александра Филипоска.

– Латинската поговорка Sine linqua Latina nulla intelligentia (Без латински јазик нема знаење), која се чини е одамна заборавена, е појдовната идеја на книгата. „Дур дишам се надевам“ е скромен обид да научиме или некој да се потсети барем на мал дел од големите мудрости, стокмени во кусите латински пословици и поговорки, кои се воедно и наслови на овие уникатни, забавни и поучни песни – соопшти издавачот.

Владимир Мартиновски е есеист, поет и прозаист. Редовен професор е по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...