Во првите два месеца од годинава се потрошени 15 милиони евра или 3,5 отсто од предвидените пари за капитални проекти во износ од 422 милиони евра за годинава.
Според најавите од владата, се очекува интензивирање на инвестирањето во текот на наредните месеци со почетокот на градежната сезона со реализација на проекти во железницата, патниот сообраќај и гасоводната мрежа.
Реализацијата на капиталните инвестиции лани изнесуваше околу 197 милиони евра односно 65,5 отсто од планираните 400 милиони евра